Имунитет имаат 86% од вакцинираните и 75% од невакцинираните кои прележале Ковид-19
Скринингот покажал дека вакцинацијата е извршена кај 86 насто од населението, додека 75 насто од испитаниците прележале Ковид-19, тврди министерот за здравство Сали. И покрај вакви оптимистички бројки, сепак нема најава за скорешно олабавување на мерките дополни министерот …

И покрај трендот на намалување на новозаразени, надлежните засега не планираат укинување или ново олеснување на рестриктивните мерки. Министерот за здравство рече дека сè уште не е време за тргање на мерките бидејќи во земјите каде што тоа е направено имало повторно зголемување на бројот на заразени.
Индикаторот за хоспитализации исто така е позитивен, вели министерот Сали. Оваа недела очекува да влеземе во како што кажа зелена зона, но за олабавување на мерките Комисијата за заразни болести ќе реши в среда. Сите држави кои го направија тоа имаат показатели пониски од нашите, а вакцинирани се над 80 отсто од жителите, така што и природната и вештачката имунизација не гарантираат дека нема да се врати претходната состојба, рече Сали.
На вакциналните пунктови ја нема веќе сликата на турканиците и метеж за имунизација. По две години, светот се подготвува да прогласи крај на ковид-пандемијата. Кај нас, дел од мерките за заштита од вирусот беа олабавени, а се очекува да бидат укинати маските за време на училишните часови, а студентите да се вратат на физичка настава.
Сепак, министерот за здравство вели дека желбите се едно, но состојбата нешто сосема друго.
Александра Спировска
