ТЕНИС

На некому треба да се стемни, на друг да му се раздени

14.03.2022 17:10

Испразнетото место на репрезентативниот тениски куп сега ќе го пополни Србија благодарение на рејтингот на српската селекција која лани стигна до полуфиналето на ова натпреварување...

Суспензијата на руската репрезентација од Дејвис Куп натпреварите, одлкука која ја донесе светската тениска куќа уште пред две недели стапи на сила, а гласеше: Русија како репрезентација се отстранува од натпревари поради инвазијата над Украина, додека тенисерите и тенисерките во поединечните настапи може да се натпреваруваат, но без знаме и име на земјата. Па така, сега брантелот на дејвис Куп титулата Русија, нема да биде во можност да ја брани истата.

Испразнетото место на репрезентативниот тениски куп сега ќе го пополни Србија благодарение на рејтингот на српската селекција која лани стигна до полуфиналето на ова натпреварување. Покрај сега Србија и со специјални покани Хрватска и Велика Британија, уште 12 селекции се имаат пласирано низ квалификации за завршниот турнир. Групите ќе се одиграат во четири градови кои дополнително ќе бидат утврдени, како и местото на полуфиналната и финалната завршница.