Индијан Велс и на женскиот дел од турнирот започна со изненадувања
Место на турнирот се уште има и за Британката Ема Радукану сензационалната шампионка на американскиот грен слем од 2021-ва останува...
По стартната елиминација на 7-та носителка Каролина Плишкова од 71-та црногорката Данка Ковиниќ, толку беше и од не, бидејќи пак таа веднаш беше елиминирана следниот круг од русинката Самсонова 28-мо рангираната. И Габриела Мугуруза шпанската тенисерка која како 8-ма дојде во Калифорнија, се спакува по само еден дуел со американката Рис 53-тата на ВТА листата, но и таа веќе не е дел од турнирот по одигрното со сонародничката Кис. И Јулиа Остапенко се најде на листата елиминирани од мастерс 1000-ката како 10-то рангирана на Индијан Велс исто така од домашна тенисерка Шелби Роџерс. Осминафинале обезбедија од топ 10-те тенисерки 4-тата Контавеит, 5-тата Бадоса, 6-тата Скари.
Место на турнирот се уште има и за Британката Ема Радукану сензационалната шампионка на американскиот грен слем од 2021-ва останува. Иако се со повисоки турнирски бројчиња, сепак, вредно е да се споменат прогресот на романката Халеп и германката Кербер, која ќе има тешка задача за пласман натаму, бидејќи за противничка ќе ја има третата светска тенисерка Свиотек.
