Зверев заврши со настап во Индијан Велс
Германецот беше поразен по три сета игра од 39-то рангираниот на АТП американецот Томи Пол. Останатите од топ десетката го трасираа патот до третиот круг, некој полесно, некој потешко.
Александер Зверев третиот турнирски рекет е елиминиран при првото појавување на терените на мастерс 1000-ката во Индијан Велс. Германецот беше поразен по три сета игра од 39-то рангираниот на АТП американецот Томи Пол. Останатите од топ десетката го трасираа патот до третиот круг, некој полесно, некој потешко. Најдобриот тенисер Данил Медведев по два сета игра со чехот Махач, обезбеди трето коло и дуел со незгодниот французин Монфис. Надал како 4-ти во Индијан Велс и можеби главен конкурент за трофејот, виде мака на стартот со американецот Себастијан Корда со кој одигра три сета до пресметка со британецот Еванс, 27-миот на светската тениска скала.
Петиот на калифорнискиот мастерс гркот Циципас исто сериозно се препоти во дуелот со американецот Сок по три сета игра, за противник следната рунда повторно да му биде американец, сега Бруксби. И 6-тиот Беретини како за старт на турнирот виде мака во три сета со данецот Руне 80 места послабо рангираниот на АТП пордокот. Вториот италијанец од топ десетте, Синер, односно 10-тиот носител преку лесни два сета со србинот Џере, сега прогресот на Индијан Велс ќе го бара преку Бонз.
Елиминација доживеа и 9-тиот рекет канаѓанецот Алиасиме по три сета со Ван Де Зандшулп. Русинот Рубљев со 7-мицата до своето име закажа меч со 28-миот американецот Тафо по лесните 2:0 во сетови со германецот Копфер.
