Прв компакт диск во Македонија со ,,Приспивни песни ,,
20.11.2013 11:45
Секој од нас има некоја песна ,некоја мелодија

Секој од нас има некоја песна ,некоја мелодија,некои зборови коишто не враќаат во детството .Но не во секојдневието на детските денови,туку во миговите кога со најомилената песна сме потонувале во слаткиот сон .Првиот компакт диск со приспивни песни ,насловен ,,Приспивни,, содржи десет композиции,бисери од светската класична музика ,но и обработки на една козачка приспивна песна и традиционални приспивни песни од Шкотска и од Франција .На проектот ,,Приспивни ,, се потпишуваат м-р Весна Малјановска ,текст ,адаптација и продукција, Дарко Илиевски , аранжман и клавијатури и Сузана Томовска ,вокална интерпретација .
Елизабета Мемиќ
