Халими: На ДУИ ќе и пропадне идејата за бојкот
Кандидатот на ДПА за претседател Илијаз Халими пред жителите на Неготино -полошко, изрази надеж дека на ДУИ ќе и пропадне идејата за бојкот.
Ги повика без разлика на нивната политичка припадност да излезат на гласање за да придонесат за големата победа на албанците.
„Не ги слушајте нивните директиви како во комунизмот за да не излегувате да го дадете вашиот глас . Се надевам нема да ги слушате зашто сте луѓе што не дозволуваат да ве уценуваат“, рече Илијаз Халими, кандидат на ДПА за претседател

Претседателот на ДПА, Тачи, ги повика да ја игнорираат фолклорната политика на ДУИ, која потфрлила на сите полиња и да ја подржат модерната политика на ДПА, само еден пример рече Тачи, ДУИ 6 години манипулираат дека ќе ги деблокираат интегртививните процеси. Но не умеат, немаат потенцијал.
„Доколку ДПА беше на нивно место не ќе требаа повеќе од 6 месеци. Македонија ќе го сменеше името, ќе влезевме во нато ќе го одредевме датумот за почеток на преговорите“, рече Тачи.
ДПА ја продолжува изборната трка под слоганот за претседател албанец.
Фиљана Кока