Свет
Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат утре
14.03.2022 17:43
Денеска започна четвртиот круг преговори меѓу Русија и Украина...
Четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина е прекината за денеска и ќе продолжи утре, изјави еден од украинските преговарачи Михаил Подољак.
Направена е техничка пауза во преговорите до утре. За дополнителна работа во работни подгрупи и појаснување на поединечни дефиниции. Преговорите продолжуваат – напиша Подољак на Твитер.
Денеска започна четвртиот круг преговори меѓу Русија и Украина, а Подољак претходно изјави дека се водат тешки разговори.
