Македонија
Средба Џафери- Борел
14.03.2022 18:55
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се сретна со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеф Борел...

Спикерот Талат Џафери на средбата со шефот на европската дипломатија Жозеф Борел се осврнал на исполнувањето на реформската агенда и надминувањето на отворените прашања со соседите.
Борел позитивно ги оценил чекорите преземени за унапредување на евроинтеграцискиот пат во правец на надминување на прашања укажани од Европската комисија.
Претставниците на пратеничките групи во Собранието на средбата со високиот претставник на Комисијата порачале дека е намалена поддршката кај граѓаните за членство во Унијата.
