Свет

Продолжуваат протестите на Корзика

14.03.2022 19:15

Слобода за патриотите и признавање на корзиканскиот народ побараа демонстрантите пред да се судрат со чуварите на редот.

Не стивнуваат протестите на францускиот остров Корзика. 67 лица се повредени од кои 44 полицајци во демонстрации за поддршка на затворениот корзикански активист за независност, Иван Колона.

Тој е во кома, откако на почетокот на месецов беше нападнат од затвореник осуден за тероризам.

Слобода за патриотите и признавање на корзиканскиот народ побараа демонстрантите пред да се судрат со чуварите на редот.

Полицијата  употреби солзавец и водени топови за да ја растера толпата.