Свет

Маск го предизвика Путин на борба, Москва одговори- тоа би било само губење време

14.03.2022 20:11

Дмитриј Рогозин, пак, шефот на руската државна „Роскосмос“, се огласи на својот „Твитер“ профил и му одговори на предизвикот на Маск со стихови од Пушкин.

Американскиот милијардер Илон Маск, сопственик на „Спејс Икс“ и „Тесла“ во објава на „Твитер“ го предизвика рускиот претседател Владимир Путин на борба, сугерирајќи дека победникот одлучува за судбината на Украина.

Дмитриј Рогозин, пак, шефот на руската државна „Роскосмос“, се огласи на својот „Твитер“ профил и му одговори на предизвикот на Маск со стихови од Пушкин.

„Ти, ѓаволче, си уште млад, да се натпреварувам со oд мене послаб, би било само губење време…“

Како што јавува Би-Би-Си, украинските политичари досега ја поздравиле понудата, која можеби е несериозна.