Поповски: Меѓународната заедница не смее да ги решава проблемите дома
Кандидатот за претседател на ГРОМ, Зоран Поповски рече дека ќе биде гласот на граѓаните.

Потребен ни е претседател, кој ќе биде медијатор меѓу раскараните страни, кој ќе смирува и ќе воспоставува политички дијалог, рече Поповски.
„Нема да дозволам медијаторство од меѓународната заедница и проблемите ќе си ги решаваме дома“, рече Поповски.
На Источна Македонија, според лидерот Стевчо Јакимовски, и требаат патишта за побрза врска со Скопје. Тоа ќе ја засили економијата, ќе им даде повод на младите да останат на овие простори, рече Јакимовски.
„Замислете ја Источна Македонија за час, час и петнаесет минути да стигнува до Скопје и ние од Скопје за час и четериесет“, рече Стевчо Јакимовски.
На митингот во Кочани од коалиционерите зборуваше и Ивон Величковски, лидер на Либералната партија.
Весна Коловска
