ИЈЗ: Се забележува намалување на бројот на заболени во однос на минатата недела
Регистрирани се 1.818 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, со намалување од 27,4% во однос на минатата недела...

Регистрирани се 1.818 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, со намалување од 27,4% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 7,8% до 13,8%, просечно 11,6%.
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 7-ми до 13-ти март. Тестирани се вкупно 15.264 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 12, % во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци.
Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 г. Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.
Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 2.400 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 267 реинфекции, со намалување од 28,2% во однос на претходната недела.
Пријавени се 34 смртни случаи во 13 градови во текот на изминатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (17). Во однос на возраста, регистрирани се 33 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.
