„Нема да биде крај на светот“ на МНТ на фестивал во Бурса
Овој фестивал е традиционален, а годинава се одржува по деветти пат. На него настапуваат театарските куќи од балканските земји кои се подоминантни во програмата иако на фестивалот можат да се сретнат и театарски куќи од целиот свет.

Денес (15 март), на Меѓународниот театарски фестивал на балканските земји кој се одржува во Бурса со претставата „Нема да биде крај на светот“, настапува Македонскиот народен театар. Овој фестивал е традиционален, а годинава се одржува по деветти пат. На него настапуваат театарските куќи од балканските земји кои се подоминантни во програмата иако на фестивалот можат да се сретнат и театарски куќи од целиот свет.
Фестивалот оваа година се одржува во периодот од 10 до 24 март. Претставата „Нема да биде крај на светот“ е во режија на Нина Николиќ, тестот е на Аднан Лугониќ а играат: Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ.
