Енергетска ефикасност

Информатичките технологии- алатка за поголема енергетска ефикасност

15.03.2022 11:25

За поголемите стопански субјекти спасот од високите сметки за струја е во инвестирањето во мали електро-производствени капацитети. И за домаќинствата, зголемената енергетска ефикасност останува императив. Експертите апелираат- за повисоки резултати да се користат алатките на информатичките технологии...

Со ефикасно спроведена енергетска ефикасност до израз доаѓа штедењето на еден од најважните ресурси на денешницата без при тоа да се намали енергетскиот комфор во објектот.

Помалата потрошувачка на електрична енергија е дополнителен императив во услови на енергетска криза, дивеењето на берзанските цени и лимитираното домашно производство.

Експертите велат користењето на софтверските алатките на информатичките технологии се европскиот тренд во постигнувањето на вистинската енергетска ефикасност. За жал кај нас ваквата технологија сè уште е во зачетокот.

Процените велат дека заштедите можат да бидат околу 25 посто. Процент кој не е за занемарување во услови на енергетска па и еколошка криза велат од научното друштво.

Актуелните состојби навестуваат дека и во иднина проблемите нема едноставно да се надминат. Затоа штедењето, правилно користење на ресурсите и инвестирање во капацитети за производство од обновливи извори е рецептот за помала енергетска главоболка велат експертите.

Стевче Митревски