Ковид-19

Бројот на нови случаи во Кина е двојно зголемен за еден ден

15.03.2022 11:35

Во последните 24 часа се пријавени 3.602 нови инфекции. Шенжен е во карантин од неделата. Заострените мерки се очекува да бидат во сила до 20 март.

Кина регистрира зголемен број на случаи на ковид-19. Во последните 24 часа се пријавени 3.602 нови инфекции. Шенжен е во карантин од неделата. Заострените мерки се очекува да бидат во сила до 20 март.

За овој период земјата ќе врши три рунди на тестирање. Шангај пак ги советуваше жителите да работата од дома, а учениците да следат онлајн настава. Здравствените власти потврдија дека оваа епидемија е поврзана со Омикрон и заразените пациенти не покажуваат никакви симптоми или благи симптоми.

Провинциските власти мобилизираа 7.000 војници, и повеќе од 1.000 медицински персонал.