Шпанија

Портокалово небо над Шпанија

15.03.2022 11:47

Според познавачите, ваков феномен не е забележан со ваков интензитет неколку децении.

Небото над Шпанија обоено во портокалово. Облак од прашина од пустината Сахара е забележан во неколку медитерански провинции на полуостровот.

Според познавачите, ваков феномен не е забележан со ваков интензитет неколку децении. Прашината пристигнува од Северна Африка и се очекува да стигне до северните провинции откако ќе го помине источниот крајбрежен појас со максимална густина.