Груевски пред кумановчани: Иванов е стабилен и зрел човек, државата му е пред се

04.04.2014 23:55

Македонија виде што значи единство во државниот врв овие 5 години кога резултираше со успех, градевме и содававме дела, решававме проблеми на граѓаните. Имавме одлична координација и сите заедно бевме со исти пораки и иста борба за Македонија, рече лидерот на ВМРО- ДПМНЕ пред илјадници кумановчани на вечерашниот митинг.

„Иванов е стабилен и зрел човек, државата му е пред се, работеше чесно и како индивидуа и тимски“, нагласи Груевски.

Создадовме вредности кои ја движат земјата напред, од СДСМ се разликуваме, вели Груевски, по одржувањето на нашиот даден збор, по остварените дела и квалитет што го нудиме.

„Работиме и ја градиме Македонија како дом на сите нејзини граѓани“, нагласи кандидатот за претседател Ѓорѓе Иванов пред кумановчани.