Македонија

Малата Амбла од Гостивар била дискриминирана

15.03.2022 13:47

Малата Амбла со Даунов синдром на која не и дозволуваа да следи настава, била дискриминирана, утврдила Комисијата. Ако не се почитуваат препораките од училиштето и локалната самоуправа, ќе има прекршочна постапка. Од 220 претставки, 170 се решени. Граѓаните најмногу се жалеле за дискриминација на работното место.

Малата Амбла од Гостивар, девојчето со Даунов синдром која беше спречена да следи редовна настава во училница, била дискриминирана, утврдила Комисијата за заштита од дискриминација. Сега ќе надгледуваат дали препораките дадени до училиштето и локалната самоуправа се спроведуваат. Доколку не бидат, ќе се покрене прекршочна постапка пред надлежен суд, вели претседателот на комисијата Василев

„Сега она што треба да направиме е да надгледуваме дали препораките дадени до училиштето и локалната самоуправа се спроведуваат. Доколку не бидат спроведени ќе треба да покренеме прекршочна постапка пред надлежен суд“, рече Кире Василев, претседател на комисијата за заштита од дискриминација

Од 220 претставки поднесени до комисијата, 170 се решени. Граѓаните најмногу се жалеле за дискриминација на работно место, пред сè во образованието и на политичката определба. Поголем дел од претставките биле врз основа на етничка припадност, стои во годишниот извештај

„Минатата година добивме тројно повеќе претставки, вкупно 167. Или, како за споредба годините претходно до Комисијата биле адресирани околу 60 претставки што само по себе укажува дека довербата кај граѓаните е зголемена, вели Камбери. Граѓаните најмногу се жалеле за дискриминација на работно место, пред сè во образованието и на политичката определба“, рече Исмаил Камбери, заменик-претседател на комисијата за заштита од дискриминација.

Заменик претседателот на Комисијата за заштита и спречување на дискриминација, Камбери, вели оти зголемениот број на претставки кои ги добиле во изминатите месеци укажува дека кај граѓаните била вратена довербата во работата на Комисијата.

Александра Спировска