Македонија
РКЕ: Горивата од полноќ ќе имаат нови цени
15.03.2022 14:02
Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека се исполнети предусловите за нова одлука, се чекаат новоформираните цени..

Од полноќ ќе има поевтини цени на горивата. Цената на суровата нафта на светските берзи во моментов е околу 100 долари за барел.
Согласно законот што го усвои Собранието нема да има помала акциза за 1 денар, бидејќи на светските берзи суровата нафта не е поскапа од 108,8 долари по барел.
Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека се исполнети предусловите за нова одлука, се чекаат новоформираните цени. Вчера немаше промена, на бензинските пумпи бензините се продаваат за 86,5 односно 88,5 денари по литар, а дизелот се продава за 88 денари.
