Македонија

Прилеп има доволно суровини за маслото за јадење

15.03.2022 14:34

Цената на маслото за јадење е под контрола и кај производителите на маслото за јадење. И пазарната инспекција најави дека будно ќе следи...

Цената на маслото за јадење е под контрола и кај производителите на маслото за јадење. И пазарната инспекција најави дека будно ќе следи. Иако суровината главно се увезува, потребите се без проблем за наредните месеци. Непречен, иако нешто поскап е и извозот на другите производи.

Нема проблем во обезбедувањето суровини за еден од основните прехранбени артикли, маслото за јадење. Сончогледот главно се увезува зашто сме мал производител, но добро се менаџира со залихите и набавката за наредниот период, велат од еден од најголемите производители на масло за јадење кој со 60 насто ги покрива домашните потреби. И цената е според насоките на институциите.

„Што се однесува на извозот на другите производи, засега нема проблеми. Транспортот е непречен, но, разбирливо, поскап. Иако националните економии ги штитат домашните производи, извозот е перманентен поради стаблни договори и дисперзирање на пазарот“, рече Љупчо Велески, менаџер во прехранбената индустрија.

„Се оценува дека кај нас квалитетно се менаџира и со залихите за потребите на граѓаните и во производството“, додаде Велески.

Елизабета Митреска