Политика

Собраниската седница прекината, нема кворум

15.03.2022 15:22

На седница предлог-одлуката за избор на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања, но дневниот ред не беше усвоен. Опозицијата ја напушти салата, мнозинството немаше кворум. Одбиени предлог- законите на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50 насто и нула ДДВ за прехранбените производи.

Поради немање кворум, прекината пленарната седница на македонскиот Парламент. Дневниот ред не беше усвоен. Опозицијата ја напушти салата. Претходно не беше усвоен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за симнување од дневен ред на одлуката за измени и дополнувања на одлуката за избор на претседател, заменик-претседател, членови и заменици членови на Комисијата за избори и менувања.

ВМРО-ДПМНЕ не предложи свој пратеник за позицијата заменик член на Комисијата во знак на револт поради фактот што пратеникот Зендели од Беса беше разрешен од позицијата член на пленарна седница, наместо на матичната комисија. Од власта возвратија – избор, менување и разрешување се врши на ист начин.

Собранието не го усвои ниту предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50% и укинување на ДДВ–то. Од опозицијата побараа власта да го прифати предлогот, наместо да брка дневен популизам.

Пратеникот Павле Трајанов побара усогласување од партиите во однос на измените во Изборниот законик, нешто за што начелно се согласуваат и власта и опозицијата, но за негова реализација, потребен е консензус од сите политички партии.

Марија Котовска