ТЕНИС

Поразот Медведев го чини губење на светски трон

15.03.2022 15:39

Со овој пораз повторно и официјално Новак Ѓоковиќ е број еден на АТП поредокот. Медведев има шанса повторно да се врати на врвот на светската тениска скала, доколку на следниот мастерс 1000 во Мајами стигне до полуфинале.

Носителот број еден на тенискиот турнир во Индијан Велс од мастерс серијата 1000 Данил Медведев, веќе не е дел од натпреварите од како беше елиминиран од 26-тиот рекет незгодниот французин Монфис по три сета игра (4:6, 6:3, 6:1). Со овој пораз повторно и официјално Новак Ѓоковиќ е број еден на АТП поредокот. Медведев има шанса повторно да се врати на врвот на светската тениска скала, доколку на следниот мастерс 1000 во Мајами стигне до полуфинале.

Елиминација од калифорнискиот турнир доживеа и 5-тиот тенисер гркот Циципас кој исто по три сета (6:1, 3:6, 2:6) беше поразен од домашниот тенисер Џенсон Бруксдби, кој пак, како 43-ти светски тенисер во ⅛ финалето ќе треба да се соочи со ланскиот победник на Индијан Велс британецот Нори. Затоа пак, 4-тиот носител шпанецот Рафаел Надал не дозволи никакво изненадување па по еден час и 43 минути игра во два сета (7:5, 6:3) беше поуспешниот во дуелот со британецот Даниел Еванс.

Настап за прогрес имаше и 10-тиот рекет италијанецот  Синер, но тој се намачи со французинот Бози играјќи три сета (7:3, 3:6, 6:4) за меч во ⅛ финалето со непредвидливиот Киргиос.

Вечерва обврска да ја оправдаат фаворитската улога ќе имаат 6-тиот во Индијан Велс италијанецот Матео Беретини, како и 7-миот русинот Андреи Рубљев.