Интервју
Борел за МРТ: Како што го решивте проблемот со името, така ќе ги надминете и билатералните прашања со Бугарија
15.03.2022 15:34
„Верувам дека како што го решивте проблемот со името на државата така ќе ги надминете и билатералните прашања со Бугарија“ – вели во интервју за Македонската телевизија високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел. Според него, политичките и економските критериуми се исполнети, но сепак во оваа фаза не сака да зборува за датуми туку само за процедура.
Целосното интервју на Стојан Трпчевски со високиот претставник на Европската унија, Жозеп Борел ќе го гледате во централниот Дневник на МРТ во 19:30.
