Лавров: Преговори со Украина за воена неутралност
Преговорите продолжуваат за обезбедување на воена неутралност на Украина...

Преговорите продолжуваат за обезбедување на воена неутралност на Украина, во контекст на нејзината демилитаризација, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
„Продолжуваат преговорите за обезбедување на воена неутралност на Украина, во контекст на безбедносни гаранции за сите учесници во процесот, во контекст на демилитаризацијата на Украина, за да нема закани за Русија од нејзината територија и во контекст на прекинување на политика за нацификација на земјата“, рече Лавров по средбата со иранскиот колега Амир Абдолахиан во Москва.
Министерот за надворешни работи на Иран изјави дека вчера имал телефонски разговор со неговиот украински колега Дмитриј Кулеба, кој, како што рече, побарал од него да му ја пренесе на Лавров пораката дека Украина е за прекин на војната и за концентрација на политичките прашања.
