УНХЦР

Речиси три милиони луѓе избегаа од Украина, бројката ќе се зголемува

15.03.2022 17:13

Околу 2,95 милиони луѓе досега ја напуштиле Украина, покажаа податоците на Агенцијата на ОН за бегалци...

Бројот на Украинци кои избегаа во странство од почетокот на руската инвазија изнесува речиси три милиони луѓе, соопштуваат од Обединетите нации.

Околу 2,95 милиони луѓе досега ја напуштиле Украина, покажаа податоците на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР). Таа ги базира своите планови за помош на четири милиони бегалци, но наведе дека бројката најверојатно ќе се зголеми.

По неделниот руски напад врз воената база Јаворив во близина на Лавов, некои луѓе од западна Украина сега се приклучија на бегалскиот проток преку границата.