Стартува кампањата за парламентарните избори

05.04.2014 09:40

Во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати

Кампањата за предвремените парламентарни избори закажани за 27 април почнува денеска, а од претседателската кампања остануваат уште седум дена. На 12 и 13 април, поради првиот круг од претседателските избори, кампањата за предвремените парламентарни ќе биде прекината, според одлуката на Државната изборна комисија (ДИК).  
 
Во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати на 14 листи поднесени од пет коалиции и девет политички партии.
 
ВМРО-ДПМНЕ вечер кампањата ќе ја започне со митинг во Скопје, СДСМ со митинг исто така во Скопје во недела, ДУИ веќе одржа конвенција за промоција на кандидатите, ГРОМ во недела во Куманово ќе ги промовира своите кандидати...