Попоски во Атина на неформален состанок на министрите за надворешни работи

05.04.2014 09:47

Шефот на дипломатијата на Република Македонија Никола Попоски денеска во Атина ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија со земјите - кандидати за членство.
 
Попоски, соопшти МНР, ќе учествува на состанокот на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон и заменик премиерот и министер за надворешни работи на Република Грција Евангелос Венизелос.