„Денот на црвот“ од Симона Јовановска ја доби наградата „Роман на годината“
Оваа награда е со особено значење за македонското литературно творештво бидејќи се доделува за роман кој е прв пат објавен и има голем придонес за афирмација на македонската романсиерска продукција и е поттик и поддршка на домашните автори.

Фондацијата „Славко Јаневски“ годинава наградата „Роман на годината“ ја додели на романот „Денот на црвот“ од Симона Јовановска. Романот е издаден во 2021-ва од издавачката куќа „Или- или“ и е од едицијата „ПроАза“.
Оваа награда е со особено значење за македонското литературно творештво бидејќи се доделува за роман кој е прв пат објавен и има голем придонес за афирмација на македонската романсиерска продукција и е поттик и поддршка на домашните автори.
Во образложението на жири комисијата се наведува дека „Денот на црвот“ е успешно книжевно остварување во кое авторката на умешен начин комбинира различни приказни, човечки судбини и егзистенцијални ситуации.
За наградата одлучуваше жири комисијата во состав: Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Владимир Јанковски, Лидија Пандева и Катерина Богоева. Наградата „Роман на годината“ се доделува по 23-ти пат, а во конкуренција годинава беа 39 романи.
