Македонија
Железничкиот сообраќај и натаму во прекин
16.03.2022 11:05
Машинскиот и извршниот персонал во Железници на РСМ Транспорт АД Скопје продолжуваат со бојкотот се до исполнување на барањата за исплата на материјалните трошоци, како и на првиот дел од платата за февруари..

Железничкиот сообраќај во државава и натаму е во прекин. Машинскиот и извршниот персонал во Железници на РСМ Транспорт АД Скопје продолжуваат со бојкотот се до исполнување на барањата за исплата на материјалните трошоци, како и на првиот дел од платата за февруари.
Од Железници на Република Северна Македонија Транспорт велат дека незаконитиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје
