РАКОМЕТ

Македонските ракометари пред двомечот со Романија

15.03.2022 21:14

Романија е четирикратен светски шампион и олимписки вицешампион, но одамна го загуби приматот, а и континуитетот настапи на големи меѓународни натпреварувања. Последно мундијалско учество имаше во 2011 во Шведска, што е дијаметрално спротивно од она што македонската репрезентациа го има последната деценија...

Македонската ракометна репрезентација на два дена пред натпреварот со Романија, пр од двомечот со некогашната ракометна суперсила. Романија е четирикратен светски шампион и олимписки вицешампион, но одамна го загуби приматот, а и континуитетот настапи на големи меѓународни натпреварувања. Последно мундијалско учество имаше во 2011 во Шведска, што е дијаметрално спротивно од она што македонската репрезентациа го има последната деценија, во која ги одигра сите 5 светски првенства. Нашите ракометари и селекторот Кире Лазаров фокусирани на приоритетната цел, мечот во Скопје во четврток и саботниот реванш во Букурешт за пласман во плеј оф пресметките со Чешка.  

„Романија како Романија, многу сериозен противник. Добија на тежина со поставувањето на Хавиер Пасквал како селектор, кој го презеде и „Динамо Букурешт“. Имаат добра, млада генерација и познат му е системот таму. Максимално сериозно ќе ја сфатиме, имаме максимален респект спрема Романија како поранешна светска и европска велсила, која се обидува да се врати на старите патеки. Амбициозен проект, каде што му е дадено се во негови раце, да ја постави и да ја врати Романија на старите патеки. Ние сме во исто таква ситуација, мислам дека и покрај подмладувањето имаме и стари борци, искусни играчи кои знаат како се играат тие бараж натпревари. Спортот е непредвидлив, мене ми е лично драго што по толку време ќе имаме поддршка од нашите навивачи и тоа за нас ќе биде ветер во грб. Сигурно дека ќе не понесат емоции, адреналин и ќе имаме уште поголема желба и ентузијазам да направиме добар резултат пред реваншот во Букурешт. За мене добар резултат е победа, било каква, не треба да се оптоваруваме со никаква разлика, туку едноставно да се посветиме на себе и да одиграме квалитетен натпревар и да го презентираме она што го работиме цела година.

Што и да се случи, искуството кажува дека за неполни 48 часа треба да одиграме и реванш во Романија, треба и да се патува и да одиграме два екстра натпревари ако сакаме да дојдеме до целта, пласман во вториот бараж против репрезентацијата на Чешка“ – изјави Кирил Лазаров, селектор на македонската ракометна репрезентација.

Првиот натпревар се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 19 часот, со пренос на МТВ1 и МТВ3.