Време е да се отворат картите
Задоволството од новите делови и нивното однесување на патеката не го криеја ниту првите луѓе на Ред Бул кои потврдија дека новиот пакет им донел најмалку половина секунда по круг подобри времиња. Сето тоа го прави Ред Бул фаворит во пресрет на првата трка,но прашање е какви адути кријат конкурентите.

Претстојниот викенд со трката за големата награда на Бахреин ќе стартува 73-тата сезона во формула 1. Според најавите битката за шампионската титула одново ќе се води меѓу ред Бул и Мерцедес ,иако и Ферари демонстрира солидни резултати на последните тестирања.Со новиот аеродинамичен пакет Мерцедес се наметна како прв фаворит,но на последниот ден од претсезонскиот тест Ред Бул изненади со новиот изглед на страничните делови на болидот ,но и со подтигнатите времиња кои беа значително подобри од конкуренцијата. Според инженерите на Мерцедес со новиот пакет Ред Бул е побрз од Ферари,а Мерцедес заостанува речиси половина секунда по круг.
Задоволството од новите делови и нивното однесување на патеката не го криеја ниту првите луѓе на Ред Бул кои потврдија дека новиот пакет им донел најмалку половина секунда по круг подобри времиња. Сето тоа го прави Ред Бул фаворит во пресрет на првата трка,но прашање е какви адути кријат конкурентите.
Одговорот ќе го добиеме в недела од 16 часот за кога е закажан стартот на трката ,додека квалификациите вообичаено се ден порано во истиот термин.
