Македонија

Компании сакаат да префрлат инвестиции од Украина во Македонија

16.03.2022 14:48

Се бараат начини како да се реализира трансферот, кои да бидат локациите за новите капацитети и како да функционираат фирмите. Деспотовски вели, ќе направи сè за да им излезе во пресрет зашто тоа значи отворање нови работни места. Поради украинската криза има најави и за други вложувања од компании кои имале план да се прошируваат таму, но сега ги менуваат плановите.

Две големи компании сакаат да ги префрлат инвестициите од Украина во Македонија поради воениот конфликт, информира директорот на слободните зони. Се бараат начини како да се реализира трансферот, кои да бидат локациите за новите капацитети и како да функционираат фирмите. Деспотовски вели, ќе направи сè за да им излезе во пресрет зашто тоа значи отворање нови работни места. Поради украинската криза има најави и за други вложувања од компании кои имале план да се прошируваат таму, но сега ги менуваат плановите.

Менаџер на компанија од САД доаѓа на почетокот на април на средба овде за евентуална реализација на инвестиција во Македонија. Станува збор за сериозна компанија која сака да инвестира во овој регион. Ние имаме планови за развој на зоната во Гевгелија која ќе биде зелена зона, додека се размислува индустриската зона Скопје 3 да биде зона која ќе вклучува инвестиции од исклучиво висока технологија“, изјави Јован Деспотовски-директор на ТИРЗ.

Се чекаат податоците од годишните сметки на компаниите во зоните, но според првичните сознанија, просечната плата исплатена таму треба да биде повисока од просекот во државава. Лани им била исплатена државна помош од околу 732 милиони денари. Царинските ослободувања изнесуваат над 108 милиони денари, а ослободувањата по основ на даноци надминуваат милијарда. Во технолошко-индустриските развојни зони во февруари имало раст на бројот на вработени за четири проценти и раст на извозот од над 30 проценти, кој достигнал 340 милиони евра. Во зоните работат на 14 илјади луѓе.

Александра Спировска