Османи: Црвените линии се јасно дефинирани
Македонските црвени линии се јасно дефинирани во Парламентот. Динамиката на разговорите со Софија е на задоволително ниво, вели министерот Османи. Потпретседателот на Европската комисија, Борел, не може да ветува датум, и не е одговорен за проширувањето. Но, неговата посета на земјава е исклучително значајна, појаснува шефот на дипломатијата …

Нема да газиме по црвените линии за што поскоро да добиеме датум за преговори со Европската Унија, категоричен Османи. Шефот на дипломатијата потсети дека македонските позиции се јасно дефинирани во Парламентот и се поважни тие принципи, отколку еден ден повеќе или побрзо. Динамиката на разговори со Софија е на задоволително ниво. Идната недела во Скопје доаѓа шефицата на бугарската дипломатија Генчовска.
За изјавата на потпретседателот на Европската комисија Борел дека не може да вети датум, туку волја за старт на пристапниот процес, шефот на македонската дипломатија рече дека европретставникот не е одговорен за проширувањето, но дека неговата посета на земјава е исклучително значајна.
Османи најави дека наскоро се очекува состанок на заедничката работна група за економски прашања. Учесниците во работните групи се конструктивни, постојано се продуцираат нови проекти и сето тоа е многу важно за да се создаде рамка на доверба, во која потоа ќе се адресираат политичките прашања, оцени Османи.
Милчо Велески
