Хуманитарна акција за Украина-приоритет се храна, вода и производи за хигиена
Министерството за надворешни работи и Црвениот крст потпишаа меморандум за поефикасна координација, во рамките на хуманитарен настан за собирање помош за Украина. Во акцијата се вклучија и стопанските комори кои ќе обезбедуваат продукти, а Црвениот крст има и телефонски број за донации од 100 денари. Во моментов во Македонија има 51 граѓанин од Украина…

Хуманитарна акција за Украина, но и за педесетината украински бегалци во земјава. Освен Министерството за надворешни работи и Црвениот крст, вклучени се и стопанските комори. Компаниите обезбедуваат неопходни продукти, а Црвениот крст отвори и телефонска линија за донации од 100 денари.
Украинската амбасадорка Задоружњук се заблагодари за помошта, но и за владината одлука за санкции кон Русија.
Од Црвениот крст велат, приоритет се храна, вода и производи за хигиена.
Сите треба да се мобилизираме да излеземе во пресрет на списокот барања на украинскиот народ кој ни го достави амбасадорката, велат од стопанските комори.
Да се покажеме солидарни и да излеземе во помош на украинскиот народ, велат од македонското Министерство за надворешни работи.
Марија Котовска
