Економија

УЈП: Oд утре нула проценти ДДВ за основните производи за исхрана

16.03.2022 17:02

Законската обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со кој се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за основните производи за исхрана.

Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип- 400, млеко со масленост од 2%, 3,2% и 3,5 % масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз, и јајца ќе мора најдоцна до утре 17-ти март да ги прилагодат фискалните апарати, соопштуваат од Управата за јавни приходи.

Ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат погоре споменатите производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од  0%, односно со ознака „Г“ за добра и услуги кои се ослободени од Данокот на додадена вредност, стои во соопштението.

Законската обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со кој се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за основните производи за исхрана.

УЈП апелира до сите навремено да ги прилагодат фискалните апарати. Оваа одлука ќе се спроведува од утре до 31-ви мај 2022-ра година.