Тренчевска: Инвестирањето во човечкиот капитал е најважниот фактор на долгорочен раст на една земја
Тема на денешниот работен состанок, беше „Стратегијата за развој на човечкиот капитал“, како еден од приоритетите на Владата на Северна Македонија. Во моментов е изработена работна верзија, која наскоро треба да биде поставена на ЕНЕР, а со тоа се отвора и можноста на јавноста за коментари и сугестии, кои може да придонесат за нејзино понатамошно унапредување.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерот за финансии, Фатмир Бесими, советничката на претседателот на Владата на РСМ, Нина Фити, претставници од Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, оддржаа работен состанок со претставници на Светска банка во земјава, на кој беше присутен и програмскиот лидер за човечки развој за земјите од Западен Балкан и главен економист во Светска банка, Јамеле Риголини.
Тема на денешниот работен состанок, беше „Стратегијата за развој на човечкиот капитал“, како еден од приоритетите на Владата на Северна Македонија. Во моментов е изработена работна верзија, која наскоро треба да биде поставена на ЕНЕР, а со тоа се отвора и можноста на јавноста за коментари и сугестии, кои може да придонесат за нејзино понатамошно унапредување.
На состанокот беше истакнато дека човечкиот капитал е исклучително важен за секоја земја и вложувањето во истиот треба да овозможи забрзан, инклузивен и одржлив развој на земјата. Затоа вклученоста и меѓусекторската соработка на образование, здравство, социјална политика и труд и финансии, се од клучно значење за дефинирање на приоритетите содржани во стратегијата.
Според соговорниците инвестирањето во човечкиот капитал е најважниот фактор на долгорочниот економски раст. Стратегијата за човечки капитал, се заснова на подобрување на квалитетот на услугите во образованието, здравството и социјалната заштита, акцентирање на потребите на ранливите категории граѓани, зголемени инвестиции во човечки капитал и истовремено зголемена ефикасност на инвестиции и зајакнување на управувањето и зајакнување на капацитетите на секторите за човечки развој.
За „Стратегијата за развој на човечкиот капитал“, наскоро ќе биде отворена широка јавна дебата со вклученост на институциите и граѓанскиот сектор. Вложувањето во развојот на човечкиот капитал е вложување во развојот на едно општество.
