Против Италија без комплекс и респект
Нашиот селектор не се оптоварува со отсуствата на неколку влијателни играчи во составот на фаворизираниот противник и би сакал да сметаат дека ќе бидат лесен плен.

Од Скопје, преку Тбилиси, до историски Европски шампионат во Букурешт, и во Амстердам. Италија во Палермо е мундијалскиот предизвик за македонската фудбалска селекција. 27. репрезентативци објави на четири дена пред првиот собир, селекторот Благоја Милевски за првиот бараж двобој со актуелниот европски владетел на 24-ти овој месец.Нема изненадувања на списокот, со Адеми кој е подготвен, без Несторовски кој има мала минутажа, со Јаховиќ кој е неизвесен и по подолга пауза со повратникот Давид Бабунски.Елмас и Костадинов кој нема да играат против аѕурите се исто така на располагање, евентуално за меч со Португалија или Турција.
„Овие момци покажаа дека имаат капацитет за големи нешта. Свсни се дека го постигнаа најголемиот успех во исторјата, растеретени се и без дополнителен притисок, очекувам дека ќе уживаат во настанот“, рече Милевски.
Нашиот селектор не се оптоварува со отсуствата на неколку влијателни играчи во составот на фаворизираниот противник и би сакал да сметаат дека ќе бидат лесен плен.
„Цела концентрација ми е да извлечеме максимумум од сите што ќе играат. Во фудбалот нема фаворити и аутсајдери. Не се оптеретувам со составот на Италија. Имаат екстра фудбалери, но и слабости. Се надевам дека ќе ги искористиме на најдобар можен начин“, изјави Милевски.
Со италијанците во квалификациите за Мундијалот 2018-та одигравме два натпревара. Во Торино ремизиравме 1-1, во Скопје, загубивме со 3-2 со пресврт во последните 15 минути.Првиот собир Милевски го закажа за в недела, два дена потоа се лета за Палермо.
