Избрани претседател, член и заменици на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата
Донесена одлуката за избор на претседател, заменици и членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Опозицијата обвини за кршење на Деловникот, власта вели – сè e чисто...

Марија Георгиевска, пратеник од СДСМ и Коалицијата избрана е за претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. За член на Комисијата избран пратеникот Дарко Каевски од СДСМ, а за заменик- член Хусни Исмаили од Алтернатива. За заменик- член на оваа Комисија беше избран Елми Азири од Алијанса за Албанците.
Во образложението на Одлуката на Собранието стои дека според моменталното процентуално учество на политичките партии во вкупниот број пратеници СДСМ и Коалицијата имаат 36,67 проценти, ДУИ 12,5, Алијанса за Албанците 6,67, Алтернатива 3,33, Левица и Движењето БЕСА 1,67, а ДПА 0,833 проценти.
Врз основа на бројот на пратениците во составот на оваа Комисија СДСМ и Коалицијата учествува со пет пратеници, ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата со пет, ДУИ со два, и Алијанса за Албанците со еден пратеник, со што, како што се нагласува е пополнет составот на Комисијата, се вели во образложените на донесената Одклука.
Пред гласањето на Одлуката за збор се јави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој истакна дека оваа партија и Коалицијата нема да ја поддржат бидејќи, како што рече, со неа се крши Деловникот.
