Свет

Силен земјотрес во Јапонија, издадено предупредување за цунами

16.03.2022 19:21

Денешниот земјотрес се случува само неколку дена откако беше одбележана 11 годишнината од катастрофата во Фукушима...

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени е регистриран во Фукушима во северна Јапонија. Издадено е предупредување од цунами. Епицентарот бил 60 километри под морето.

Денешниот земјотрес се случува само неколку дена откако беше одбележана 11 годишнината од катастрофата во Фукушима, откако силниот потрес предизвика големо цунами.