Влада

Ковачевски: Ќе ја надминеме и оваа криза како победници

16.03.2022 19:41

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се обрати на настанот „Тркалезна маса – дискусија меѓу бизнисмените и владините претставници“...

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се обрати на настанот „Тркалезна маса – дискусија меѓу бизнисмените и владините претставници“, на покана на Стопанската комора на северозападна Македонија.

На настанот учествуваа и првиот заменик-претседател на Владата Артан Груби, заменичката претседателка задолжена за добро владеење Славица Грковска, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и членови на управниот одбор на комората и претставници на компаниите членки на оваа деловна асоцијација.

Дијалогот меѓу владините институции и бизнис заедницата во време на сериозна глобална економска криза е неопходно и секогаш добредојдено. Ние, тој дијалог го започнавме уште на самиот почеток, не на оваа, туку со претходната Влада како суштински, а не монолог. Низ таков дијалог успеавме да излеземе како победници од кризата со коронавирусот и со помош на сите ваши мислења ќе излеземе како победници и од оваа енергетска и воена криза која е предизвикана од нападот на Русија на Украина, истакна Ковачевски во своето обраќање.

Компаниите членки на Стопанската комора на северозападна Македонија, Ковачевски нагласи дека имаат значајно место во економскиот потенцијал и раст на државата и оти тоа е видливо преку нивните перформанси во текот на периодот пред, за време и после пандемијата.