Собрание

Усвоени законските измени за покачување на пензиите

16.03.2022 20:13

Со измените на Законот, растот на пензиите ќе се усогласува по два односи, односно со порастот на трошоците за живот и растот на просечната плата.

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои се обебзедува одржлив и континуиран раст на пензиите. „За“ гласаа 84 пратеници.

Со измените на Законот, растот на пензиите ќе се усогласува по два односи, односно со порастот на трошоците за живот и растот на просечната плата.

Усогласувањето ќе се спроведува на први март и први септември секоја година. Пензиите во просек ќе растат по околу 900 денари.

Дополнително, како дел од антикризните мерки, за месеците април, мај и јуни секој пензионер ќе добива дополнителни 1.000 денари на својата пензија.