Македонските надежи подготвени за триумф над Грција
Македонските ракометни јуниори денеска против традиционално лутиот риваал Грција ја бијат можеби решавачката битка за обезбедување прво место во квалификациската група за ЕП во Австрија летово.
Со триумф би се приближиле на чекор до Австрија, како успешен вовед и зачин пред јунските бараж пресметки на сениорите за Мундијалот во Катар 2015-та.

Грчките младинци направија изненадување во СРЦ Кале во Скопје на отворањето на турнирот со триумфот над фаворизираниот Исланд и сега е можен возбудлив расплет во седмата група за единственото место што води на големиот настан.
Колку ни е олеснета работата ќе мора да потврдиме на терен каде што опуштање не смее да има. Грците вчера покажаа дека се незгодна репрезентација. Брзи се имаат добар голман, одличен лев бек, непријатна контра, упорни се и играат до крај пожртвувано. Тоа ги чинеше исланѓаните, па избраниците на Зоран Петковски треба да извлечат поуки од тој дуел.
Осцилации како против Италија не смее да има, мора да се одигра константно квалитетно и со висок ритам во сите 60 минути, подеднакво агресивно, цврсто и концентрирано и во напад и во одбрана, за да не му се дозволи на незгодниот ривал да наметне своја игра.
Ако нашите момчиња во поголемиот дел од натпреварот ја повторат играта од вториот дел со Италија кога функционираа беспрекорно во одбрана предводени од голманот Ивановски, рационално и ефикасно во нападот на погон на бековскиот тандем, Филип Талески и Мартин Манасков, може да се смета на позитивни вести и атмосфера пред завршниот дуел в недела со Исланд.
Натпреварот меѓу јуниорските селекции на Македонија и Грција се игра денеска од 19 часот во СРЦ Кале во Скопје, директниот пренос е на собранискиот канал на МРТ. Претходно од 16 часот вториот ден на квалификацискиот трунир за ЕП во Австрија го отвора мечот Исланд - Италија.