Исплата на штети од климатски непогоди
Земјоделците кои имале штети предизвикани од елементарни непогоди во 2016,17 и 2018 година ќе бидат обесштетени во висина од 10 проценти од вкупната проценета вредност на претрпената загуба. По овој основ треба да бидат исплатени околу 9 000 граѓани и правни лица, а за оваа намена од буџетот се издвоени 4,5 милиони евра.

Земјоделците ќе бидат исплатени за штетите настанати од елементарните непогоди во 2016, 2017 и 2018 година. Висината на обесштетувањето ќе биде 10 проценти од вредност на загубата што ја имале. Со оваа мерка опфатени се 29 општини со повеќе од 9.100 граѓани и правни субјекти.
Дополнително ќе се плаќа и за штетите на земјоделските посеви во 2021 година во општините Росоман, Демир Капија, Ранковце, Карбинци и Богаданци.
И во овие 5 општини исто така ќе се добиваат 10 проценти од проценетата штета, а одлуката ќе важи за 1.072 физички и правни лица.
За оваа намена, вкупно за сите општини, од Буџетот се обезбедени околу 4 и пол милиони евра.
Во меѓувреме, ресорното министерството работи и на изготвување нов систем со кој земјоделците би се заштитиле од загуби предизвикани од елементарните непогоди, а истовремено би се скратила и постапката, односно забрзала исплата на парите која сега од настанувањето на штетата до обесштетувањето трае најмалку една година па и повеќе.
Методија Трајков
