Македонија

Концерт „СЕЌАВАЊЕ НА БЕНЏАМИН БРИТН“ со Филхармонија

17.03.2022 08:43

Вечерва во 20 часот Оркестарот на Филхармонија ќе одржи концерт со наслов „Сеќавање на Бенџамин Бритн“...

Вечерва во 20 часот Оркестарот на Филхармонија ќе одржи концерт со наслов „Сеќавање на Бенџамин Бритн“. Како солист на флејта ќе настапи еден од најпознатите романски флејтисти, а диригент ќе биде маестро Габриел Бебешелеа.

На програмата ќе бидат дела од Авро Перт „Кантус во сеќавање на Бенџамин Бритн“ и Концертот за флејта и оркестар од Дојна Ротару (како премиерна изведба пред македонската публика), а светска премиера ќе доживее Концертот за алт-флејта и гудачи бр. 2 од финскиот композитор Калеви Ахо.

Естонскиот композитор Авро Перт композицијата „Кантус во сеќавање на Бенџамин Бритн“ ја напишал 1977 г. по смртта на англискиот композитор Бенџамин Бритн.

Флејтистот Матеј Јоакимеску редовно е присутен на светските сцени како солист, но настапува и во камерни состави. Публиката и критиката ги оценуваат неговите настапи како „авантуристички и восхитувачки“.