Бројот на активни случаи падна под 2.000
Во изминативе 24 часа се регистрирани 328 новозаразени со коронавирусот, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје...

Во изминативе 24 часа се регистрирани 328 новозаразени со коронавирусот, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. 12,9 проценти од направените 2.535 тестови биле позитивни. Има 237 оздравени пациенти. Четворица ја загубиле битката со Ковид-19. Еден починал во последното деноноќие, тројца во периодот од 9-ти до 12-ти март.
Досега во земјата се направени вкупно 1.928.498 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.224, бројот на оздравени пациенти е 291.144, на починати е 9.159. Бројот на активни случаи падна под 2.000 и изнесува 1.921.
