Свет
Се урна воен авион во Италија
17.03.2022 09:32
Не се познати причините за несреќата...

Воен авион се урна на северот на Италија, при што загина еден од двајцата пилоти, инаку британски државјанин.
Другиот пилот, Италијанец, е повреден и пренесен во болница. Според локалните медиуми несреќата се случила за време на пробен лет.
Авионот се запалил и паднал во ненаселено место. Не се познати причините за несреќата.
