Свет

Жртви во тешка сообраќајна несреќа во Тексас

17.03.2022 09:38

Меѓу загинатите има шест студенти и еден тренер од универзитетот во Ново Мексико кои се враќале дома од турнир во голф...

Девет лица загинаа во верижен судар на автопат во западен Тексас. Меѓу загинатите има шест студенти и еден тренер од универзитетот во Ново Мексико кои се враќале дома од турнир во голф.

Во несреќата загинале и возачот и сопатникот на камионот, а двајца студенти со хеликоптер се префрлени во болницата и се во критична состојба.