Свет

Најмалку три жртви во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија

17.03.2022 09:42

Според властите земјотресот не предизвикал проблеми во нуклеарните централи во областите погодени од земјотресот...

Најмалку три лица загинаа, а 198 биле повредени во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија и предизвика предупредување за цунами.

Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер го погоди брегот на провинцијата Фукушима, на 60 километри под нивото на морето.

Според властите земјотресот не предизвикал проблеми во нуклеарните централи во областите погодени од земјотресот.