Македонските надежи отворија со триумф над Италија

04.04.2014 23:09

Македонската младинска ракометна селекција до 20 години со победа од 24-22 против Италија го отвори квалификацискиот турнир за идното Европско првенство. На свој трене во СРЦ Кале, многу потешко од очекувањата ја минавме првата пречка кон врвот на табелата што единствено води на Шампионатот на Стариот континент во Австрија кон крајот на јули оваа година.

Избраниците на Зоран Петковски одиграа изедначено прво полувреме со италијанските врсници (14-13). И едните и другие имаа  имаа само еден гол позитива во првите 30 минути во кои го кршевме силниот отпор на дициплинираните јуниори од Италија..

Во продолжението фуриозни 11 минути во кои постигнавме 8 гола а примивме само 2, извонреден на голот беше Филип Ивановски а во нападот Филип Талевски прецизен и конечно успеавме да ја разбиеме цврстата италијанска одбана  и да влеземе во завршница во која и покрај опуштањето стигнеме до воведниот многу значаен триумф.

Филип Талевски 9 гола беше предводник, 8 постигна Мартин Манасков, одличен на голот Филип Ивановски со 12 одбрани. Кај италијанците крилото Карло Сперти беше прв стрелец со 8 погодоци. Утре од 19 часот во СРЦ Кале во Скопје македонските јуниори се судираат со Грција која на отворањето на турнирот го изненади фаворизираниот Исланд  и славеше со 20-19 во возбудлива завршница.