Македонија

Левица ќе ги оспори двојазичните униформи пред Уставен суд

17.03.2022 12:02

СДСМ и ДУИ својата неспособност за решавање на економската криза ја прикриваат со решавање на непостоечки прашања во општеството, кои водат кон разнебитување на унитарниот карактер на државата, велат од партијата..

Левица пред Уставниот суд ќе ја оспори владината Уредба за двојазични униформи.

СДСМ и ДУИ својата неспособност за решавање на економската криза ја прикриваат со решавање на непостоечки прашања во општеството, кои водат кон разнебитување на унитарниот карактер на државата, велат од партијата.

Уредбата е спротивна на амандманот V од уставот, според кој службен јазик на целата територија е македонскиот јазик и неговото писмо, но и на законот за полиција.

Веќе постои правилник со кој се уредуваат ознаките на униформата, според кој тие се идентични на целата територија на државата, стои во дописот.